Дејв Голд, основачот на продавниците „се за 99” почина на 80 години како милијардер.
„Татко ми ја обожуваше робата која ја продаваше. Кога бевме помлади, после работа ќе дојдеше дома и ќе кажеше: „Погледнете го овој прекрасен шампон” или „Порачав 50 камиони од овие марамчиња”. Неговата возбуда ја пренесуваше на сите околу него“, изјавила неговата ќерка Карен Голд.
Денес, овие продавници може да се видат насекаде во Америка, но кога се отвори првата во Лос Анџелес во 1982 година, овие продавници продава само неисправна стока или роба на која и истекува рокот. Тајмс таквите продавници ги нарекувал „малопродажни гробишта”, пред Голд да го популаризира концептот.
Голд извршил револуција со нудење на квалитетни производи по пристапни цени, а исто така, заработил богатство кое се мери во милијарди долари.
„Секој пат кога ќе ставев цена од 1,02 долари или 98 центи, не се продаваше. Кога ќе ставев цена од 99 центи се продаваше веднаш. Сфатив дека ова е магичната бројка. Помислив, зарем не би било одлично да имам една продавница каде што се ќе биде со добар квалитет, а ќе чини 99 центи“, изјавил Голд во интервју за Тајмс во 2003 година.