СДСМ ќе го бојкотира изборот на претседател на Советот во Карпош

Од:

Советничката група од „Сојузот за иднината“ во Советот на општина Карпош донела одлука да не учествува во изборот за претседател на Советот на општината.

– Револтирани од начинот на свикување на оваа седница, кој е апсолутно спротивен со Законот за локална самоуправа, Статутот на Општина Карпош и Деловникот за работа на Советот, укажуваме на фактот дека ваквиот каубојски начин на свикување на седница на Совет е мотивиран исклучиво од потребата да се скрие срамот на градоначалникот Стевчо Јакимовски, заради неговото коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ – изјави Магдалена Несторовска, член на Советот од Сојузот за иднината во Општина Карпош.

За таа цел, вели Несторовска, тие не сакале да му помогаат на Стевчо Јакимовски во покривање на неговиот срам.

– Советничката група од редовите од „Сојузот за иднината“ ќе биде конструктивна опозиција, ќе дејствува во интерес на граѓаните и ќе ги прифаќа сите предлози и иницијативи кои ќе бидат за доброто на граѓаните на општина Карпош. Му честитаме на новиот претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на кој му нудиме соработка во интерес на граѓаните во иднина, но нема да учествуваме во неговиот избор – нагласи Несторовска.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат