Актуелниот американски државен секретар Мајк Помпео во својата мини европска турнеја ги посети Велика Британија и Данска за да разговара во однос на повеќе дипломатски прашања како што е мултилатералната комуникација и односите со Кина како и активностите околу Северен Пол.
Помпео, посетата на овие две земји ја оцени како мошне продуктивна и рече дека „секогаш е одлично кога ќе се сретнеш со долгогодишни пријатели и со нив да продолжиш да го зајакнуваш партнерството“.
Successful trip to the U.K. and Denmark. It’s always great to meet with longstanding friends and to continue strengthening our partnerships. pic.twitter.com/Ts7uUDFk8d
— Secretary Pompeo (@SecPompeo) July 24, 2020
Сепак, она што најмногу привлече внимание во јавноста е тоа што бројни функционери одбија да се ракуваат со Помпео при неговата посета на Данска. Високите претставници во Владата како што е министерот за надворешни работи на Данска, Јепе Кофод, но и други министри, не сакаа или ја игнорираа испружената рака на американскиот државен секретар.
— John Hudson (@John_Hudson) July 22, 2020
Во Данска, има евидентирано 13.400 случаи на заразени со коронавирус, додека 613 лица починале.