Дваесет проекти ќе добијат финансиска поддршка од Агенцијата за филм на првиот рок од Конкурсот

Од:

По 30 милиони денари (500.000 евра) финансиска поддршка ќе добијат режисерите Теона Стругар Митевска за проектот „Најсреќниот човек“ и Милчо Манчевски за „Кајмак“ во категоријата долгометражни играни филмови со мнозински македонски удел. Одлуката за прифатените проекти по објавениот конкурс од 15 јануари 2020 во првиот рок на одлучување ја донесе Управниот одбор на Агенцијата за филм.

Поддршка ќе имаат четири играни долгометражни филмови со мнозински македонски удел на режисери дебитанти: „Убиј ги прво децата“ на Димитар Оровчанец (20 милиони денари); „Слатката горчина на зрелите калинки“ на Андреј Илиевски Волкашин (19 милиони денари); „Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски (21.500.000 денари) и „Кома“ на Агим Абдула (23 милиони денари).

Директорот на Агенцијата за филм Горјан Тозија рече дека понудата била шаренолика, а целта да се селектира најдоброто со идеја да се продолжи со досегашниот подем на новиот бран на македонскиот филм.

– Покрај двата етаблирани режисери, Милчо Манчевски и Теона Митевска, кои добиваат по 500.000 евра за своите нови филмови „Кајмак” и „Најсреќниот човек на светот”, на овој конкурс се поддржани четворица дебитанти. Станува збор за автори кои уште со своите краткометражни филмови покажаа оригиналност, силен потенцијал за авторство, рече Тозија на прес-конференцијата.

Долгометражни играни филмови со малцински македонски удел кои добија финансиска поддршка од Агенцијата за филм се: „Ескорт“ во режија на Лукас Нола (4.500.000 денари); „Зад стоговите“ на Асимина Продру (4.000.000 денари) и „Живи и здрави“ на Иван Мариновиќ (3.500.000 денари).

Прифатени за поддршка се четири долгометражни документарни филмови со мнозински македонски удел: „Време на бетон“ во режија на Игор Иванов (2,5 милиона денари); „Од пепел и прав до небесни височини“ на Аљоша Симјановски (1,8 милион денари) и по 3.000.000 денари – „Скопски баланс“ на Огнен Димитровски и „Емигрант сум или?“ на режисерот Сенад Абдули.

Поддршка за филмови со малцински македонски удел ќе добијат проектите „Планета на овците“ на Марвин Ентхолт (3,5 милиони денари) во категоријата долгометражни документарни и „Авантурите на карикатурата“ во режија на Вера Влајиќ (2,5 милиона денари) – за долгометражен анимиран филм.

Поддржани на Конкурсот се и кратки играни филмови. Во проектите со мнозински македонски удел финансиска поддршка ќе добијат два филма: „Синиот час“ во режија на Ана Јакимска (1,2 милион денари) и „Проблемот на Тина“ на Радован Петровиќ (1,5 милион денари).

Ќе бидат поддржани и два дебитантски краткометражна играни филма со мнозински удел – „Музиканти“ на Андреј Георгиев (900.000 денари) и „Но дали си маж?“ на Ѓорче Ставрески (1.000.000 денари), а проектот „Жиголо“ на режисерот Жарко Иванов ќе биде поддржан со 1,3 милион денари во категоријата краток анимиран филм со мнозински македонски удел.

Би можело да ве интересира

„Бизнисот на задоволството“ почна да се прикажува пред македонската публика

Агенција за филм: ДКСК конструира невистина наместо да се занимава со спречување корупција

Кривична одговорност за директорот на Агенцијата за филм и за неколку градоначалници на Радовиш бара Антикорупциска

Катерина Ѓуровски

Министерство за култура: Ќе се исплатат сите обврски кон македонскиот филм до крајот на годината

Агенција за филм: Филмска продукција ќе има, продолжува континуираната поддршка на македонскиот филм

Предраг Петровиќ

Лазаревски реагира на објавата на Венецискиот филмски фестивал: Нема прогон на автор, туку расчистување на финансиски злоупотреби