Кинотеката продолжува со прикажувањето филмови под отворено небо

Од:

Кинотеката соопшти дека продолжува со прикажувањето филмови во летното кино под отворено небо.

По исклучителниот циклус филмови со Чарли Чаплин, крајот на јули и добар дел од август се резервирани за мошне интересни и интригантни наслови, посочија од Кинотеката.

Во рамки на програмата ќе бидат прикажани: на 30 јули британскиот филм „Убиството на светиот елен“ во режија на Јоргос Лантимос, на 31 јули филмот „Студена војна“ на режисерот Павел Павликовски, на 1, 8 и 17 август јужнокорејскиот филм „Паразит“ во режија на Бонг Џун Хо, на 5 август македонскиот филм „Мирно лето“ во режија на Димитрие Османли, на 6 август швајцарскиот филм „Каде припаѓаме“ во режија на Жаклин Цинд, на 7 август швајцарскиот филм „Хронофобија“ во режија на Франческо Рици, на 10 август италијанскиот филм „Тие“ во режија на Паоло Сорентино, на 11 август документарниот филм „Битлси: Осум дена во неделата“ во режија на Рон Хауард, на 12 август документарниот филм „Павароти“ во режија на Рон Хауард.

На 13 август ќе биде прикажан филмот „Климакс“ во режија на Гаспар Ное, на 14 август филмот „Златната ракавица“ во режија на Фатих Акин, на 15 август филмот „Офицер и шпион“ во режија на Роман Полански, и на 18 август филмот „Скитникот од плажата“ во режија на Хармони Корин.

Почетокот на прикажувањето на филмовите е во 21 часот.

Би можело да ве интересира

Кинотеката ќе прикаже три филма со Марлон Брандо по повод еден век од неговото раѓање

Кинотека во рамки на проектот Сезона на филмски класици ќе го реставрира Мис Стон

Предраг Петровиќ

„Мојот последен здив“ – промоција на автобиографијата на Луис Буњуел во Кинотека

Ана Ололовска

„Кино за млади“ во Кинотеката

Недела на италијанската кенематографија во Кинотека

Ана Ололовска

Анимирани и филмови за тинејџери во Кинотеката

Ана Ололовска