Кризата предизвикана од Ковид-19 го намали профитот на Дасо Авијација за 87 отсто

Од:

Со економската криза предизвикана од коронавирусот и нефункционирањето на воздушниот сообраќај, нарачките на летала се намалија за францускиот производител на воени и деловни авиони Дасо Авијација.

Дасо Авијација соопшти дека неговата нето-добивка е намалена за 87 отсто, достигнувајќи 32 милиони евра, поради кризата предизвикана од епидемијата на Ковид-19.

– Некои наши клиенти го одложија датумот на испорака на авионите, но, исто така, нема ниту нарачки на авиони, изјави извршниот директор Ерик Трапие.

Економските последици од здравствената криза се „тешки“ и „имаат големо влијание“ врз пазарот на деловната авијација, нагласува Дасо Авијација. Во првата половина од годината, производителот на авиони им испорача седум борбени авиони „Рафал“ на Индија и Катар и 16 деловни од типот „Фалкон“.

Поради економските последици од епидемијата и намалената активност на воздушниот сообраќај, Дасо Авијација планира да испорача 30 авиони „Фалкон“ во 2020 година, што е една четвртина помалку од претходната.

Би можело да ве интересира

Ле Пен повикува на востание

Жан-Ноел Баро: Франција нема да се двоуми повторно да воведе санкции врз Иран

(ВИДЕО) Хорор во џамија во Франција: Го избодел 50 пати, снимал и праќал на колеги

(ВИДЕО) Инцидент во Франција: Ученик избодел соученици, најмалку едно лице е убиено, четворица се тешко ранети

На делегација на француски левичарски функционери им е забранет влез во Израел

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето