ВИДЕО: Кире Наумов ја објави кандидатурата за претседател на СДСМ

Од:

Екс-директорот на Агенцијата за разузнавање, Кире Наумов, денеска ја официјализираше својата кандидатура за претседател на СДСМ.

– Јас сум еден од членовите на СДСМ кои секогаш силно ја критиукваа власта на Никола Груевски, но и сум убеден дека грешките на СДСМ не треба да се премолчуваат. Ова го правам и врз основа на барањето од голем број членови на СДСМ, кои после моите настапи во јавноста, ме поттикнуваа да ја истакнам својата кандидатура за оваа функција. Имам концепт со кој може Социјалдемократскиот сојуз да стане реална и прифатлива политичка алтернатива за сегашната власт. Имам визија како да ја вратиме надежта кај работниците, осиромашените, кај невработените, маргинализираните групи и кај сите чија основна желба е да живеат достоинствено од својот труд – изјави Наумов.

Како што истакна тој, има сила и волја да ги обедини сите членови и подржувачи, повторно заеднички да ја градат социјалдемократската идеја.

Кадровскиот потенцијал на Социјалдемократскиот сојуз е огромен.Во СДСМ има квалитетни луѓе кои се спремни и способни заеднички да ги направиме потребните промени.

– Се кандидирам за претседател на Социјалдемократскиот сојуз затоа што сметам дека сум способен, дека имам знаење, дека имам енергија да ја извршувам оваа функција. Се кандидирам затоа што знам дека постои начин Социјалдемократскиот сојуз со добар концепт, со добар тим, и пред се со нов начин на дејствување, повторно да стане победничка партија – рече Наумов.

Видео – 24 Вести

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат