Последни денови на ИПАРД инфо караванот

Од:

ИПАРД караванот денеска ќе биде во Неготино на локација Спомен Костурница од 10:00 часот, по што ќе се сретне со заинтересираните граѓани во Кавадарци на локација Полициско Паркче од 14:00 часот.

Во понеделник, на 27 јули инфо караванот ќе ги посети општините Зајас во кругот на училиштето „ОУ Реџо Рушит”, од 11:00 часот и Осломеј, во кругот на OУ„ Милто Ѓурра”-с. Стрелци во 15:00 часот.

Последниот ден од инфо караванот низ државата ќе биде во општина Конче, на 28 јули од 11:00 часот.

Организаторите на караванот ги повикуваат сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на инфо средбите со цел полесно информирање и искористување на Мерка 1, бидејќи крајниот рок за поднесување на барањата е 3 август.

Мерката 1 или инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства од ИПАРД Програмата 2014-2020, ги опфаќа заинтересираните сопственици на земјоделски стопанства, физички лица кои што се носители на семејно земјоделско стопанство, индивидуални земјоделци, правни лица и задруги, кои што имаат производни капацитети од растително или сточарско производство.

По новиот протокол, инфо средбите ќе се реализираат на отворен простор, а на влезот на секоја локација ќе бидат поставени два пулта, од кој што на Пулт 1 ќе се мери телесната температура на секој посетител, ќе се дезинфицираат рацете и ќе му се даде заштитна маска, доколку не носи со себе. На Пулт 2 ќе се прави евиденција за присутност, ќе се дава рекламен материјал и освежителен пијалак, вода или сок.

– За дополнителни информации и детали за инфо деновите за ИПАРД 2014-2020, сите заинтересирани лица, може да добијат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (www.ipard.gov.mk), Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, и тоа: http://ipard.gov.mk/ , http://mzsv.gov.mk/ , http://ipardpa.gov.mk/ , http://agencija.gov.mk/ или на телефонските броеви на Секторот за управување со ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 И 047/228-370, информираа организаторите.

Би можело да ве интересира

Продолжен рокот за поднесување на барања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година

Катерина Ѓуровски

Николовски: Со првиот повик од ИПАРД 3 програмата го срушивме рекордот на интерес кај земјоделците

Над 50 милиони евра поддршка преку ИПАРД и „Млад земјоделец“

Предраг Петровиќ

Љупчо Николовски: Објавен првиот повик за ИПАРД 3 програмата

Катерина Ѓуровски

Димковски: ДПМНЕ е криминална партија, проневерила средства и од ИПАРД

Николовски: Објавен нов јавен повик од ИПАРД II, 5 милиони евра инвестициски фонд ставаме на располагање за проекти преку мерката 3

Ана Ололовска