Коневски најави тужба против портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Стоилковски

Од:

Членот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен советник за град Скопје на Претседателот на партијата, Ивица Коневски, попладнево во допис до медиумите најави тужба против портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Против портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски ќе поднесам тужба за изнесените лаги и клевети и тој за многу кратко време јавно ќе се извини.

Мицкоски, ти порачувам уште еднаш дека сите овие лаги и манипулации нема да те спасат од заминување,“ вели Коневски во дописот.

Коневски утринава на социјалните мрежи објави статус во кој вели парламентарните избори потврдиле оти е „крајно време“ за промени во ВМРО-ДПМНЕ.

Во реакција на објавата, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Стоилковски изнесе документи кои според него докажуваат дека Коневски е сопственик на стан и деловен простор во спорната зграда кај „Мајчин дом“ во Аеродром, по што следеше најавата за тужба од Коневски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузмановска: ВМРО удри и по студентите, се намалуваат стипендиите, поскапува сместувањето во студентските домови

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче продолжува со политиките на отстапки кон Бугарија

ВМРО-ДПМНЕ: Ислам Абази стана џелат на правдата и ги спасува криминалците од СДС и ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче најгласно се залага за спроведувањето на бугарските барања

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не нуди решенија, туку борба за власт