Нови шест тужби до Управниот суд, две од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Шест нови тужби од политички парти се поднесени до Управниот суд по однос на одбиените приговори од Државната изборна комисија за предвремените парламентарните избори одржани на 15 јули.

– Две тужби се поднесени од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, две од партијата Демократи, една од политичката партија Единствени за Македонија, односно коалицијата „Никогаш Северна, само Македонија”, и една од МРО Работничка партија, потврдија за МИА од Управниот суд.

Предходно, во текот на денот до Управен суд тужби пристигна и од Левица и политичката партија Социјалдемократската унија.

Рокот за поднесување тужби до Управниот суд е 24 часа откако политичките партии ќе ги добијат решенијата од Државната изборна комисија за отфрлање или одбивање на приговорите поднесени од политичките партии за предвремените парламентарни избори.

Управниот суд денеска одби 40 од поднесените 75 тужби од Алијанса за Албанците и Алтернатива, и ги потврди одлуките од Државната изборна комисија

Одбиена е и една тужба поднесена од ИНТЕГРА.

По одлуката на Управниот суд и добивањето на евентуалните одлуки од Уставниот суд за заштитата на избирачкото право, ДИК, согласно законот ќе ги објави официјалните конечни резултати од предвремените парламентарни избори. Потоа ДИК ќе им издаде уверенија на избраните пратеници. Крајниот рок за одржување на конститутивната седница на Собранието е 4 август.

Би можело да ве интересира

Комисијата за заштита од дискриминација се жали на пресудата на Управен суд за обвинителката Ленче Ристоска

Управен суд ја одби како неоснована тужбата на „Европски фронт“ за прегласувањето во Желино

„Европски фронт“ поднесе тужба до Управен суд за прегласувањето во Желино

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Претседателот на Управниот суд Сејднини ги отфрла тврдењата дека врши притисок врз судиите кои одлучуваат за тужбите на Европскиот фронт

Предраг Петровиќ

Управен суд ја одби тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1470 во Долнени

Предраг Петровиќ