Помпео: Генералниот директор на СЗО е поткупен од кинеската Влада

Од:

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео го обвини генералниот директор на СЗО, Тедрос А.Гебрејесус, дека е „поткупен“ од Владата на Кина.

„Не можам да кажам повеќе од тоа, но можам да кажам дека врз основа на сознанијата на разузнавачките служби, договорот бил постигнат“,рече Помпео во врска со односите помеѓу Кина и СЗО.

Ова е последниот во низата напади на администрацијата на Трамп врз СЗО и генералниот директор, a САД месецов и формално побараа да истапат од СЗО.

Портпаролот на СЗО реагираше на изјавата на Помпео, велејќи дека организацијата е свесна за тие ставови, но дека отфрла какви било „напади и неосновани обвинувања“.

„СЗО ги повикува државите да останат фокусирани во борбата против пандемијата што предизвика трагични загуби и страдања“, рече портпаролот.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија