Популарниот вид камили-алпака, за првпат во скопската Зоолошка градина

Од:

Три камили од видот алпака за првпат пристигнаа во скопската Зоолошка градина.

Алпаките се јужноамерикански вид на камили и познати се по нивната волна која се смета за една од најквалитетните.

Тие секогаш го привлекуваат вниманието на луѓето со нивната весела природа.

Овој вид камили, живеат во стадо, а животниот век им е до 20 години. Во минатото, јужноамериканските народи, го користеле месото на алпаката за исхрана.

Алпаките во скопската Зоолошка градина веќе се истрижeни и како што велат од таму, имаат „летна фризура“.

Волната од аплаките се користи за изработка на квалитетна гардероба и важи за еден од најскапите видови на волна, покрај кашмирот.

Од скопската Зоолошка градина се пофалија и со две нови двогрби камили кои пристигнале од Чешка и веќе се приспособуваат на нивните нови живеалишта.

Скопската Зоолошка градина поради пандемијата со Ковид-19, работи со посебни протоколи, задолжително е носење на заштитни маски и држењето дистанца меѓу посетителите.

Би можело да ве интересира

Од денеска повторно може да се оди во скопската Зоолошка градина

Зоолошката градина повторно ќе работи од сабота

Советот на Град Скопје не ја изгласа иницијативата за мораториум за внесување нови животни во ЗОО Скопје

Посетителка во Зоолошката градина побарала да се тестира за птичји грип

Двајцата вработени во ЗОО Скопје кои беа тестирани немаат птичји грип

Катерина Ѓуровски

АХВ: ЗОО Скопје иако детектирало угинато животно, не постапила по законски процедури

Горан Наумовски