Сиријци ги хакираа налозите на британскиот весник „Гардијан“ на Твитер. Одговорноста за кибер нападот ја презеде „Сириската електронска армија“ која го поддржува режимот на претседателот Башар ал Асад.
„Сириската електронска армија“ го обвини британскиот весник дека шири невистини за Сирија,
Од „Гардијан“ соопштија дека се работи на решавање на проблемот.
„Сириската електронска армија“ веќе има преземено одговорност за повеќе кибер напади врз медиуми, вклучително и врз Асошиејтед прес.