Поранешниот романски министер за финансии осуден за примање мито

Од:

Суд во Романија денеска го осуди поранешниот министер за финансии Дариус Валцов на шест и пол години затвор за земање мито во замена за политичко влијание при доделувањето јавни договори.

Валцов (43) беше министер за финансии во 2014-2015 година во владата на Виктор Понте, а беше и економски советник на социјалдемократската влада, градоначалник на родниот град Слатина и сенатор, како и автор на бројни контроверзни закони за даноци. За време на судењето, тој ги негираше сите обвиненија.

Пресудата сè уште не е правосилна, затоа што Валцов има право на жалба.

Во 2018 година, Валцов беше осуден во посебен судски процес на осум години затвор за перење пари. И двата случаи се поврзани со одобрување јавни договори, додека Валцов беше  градоначалник на Слатина, на југот на земјата, од 2004 до 2012 година. 

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Предложен едномесечен притвор за министерот Бојан Бошњак

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Градежна инспекторка од Куманово побарала поткуп од 4.000 евра

Руски дронови создаваат паника во Романија