Села почна со разрешувањата во струшките јавни претпријатија

Од:

Почнаа разрешувањата во струшките јавни претпријатија кои се под капа на општината. Прв на удар беше директорот на Јавното претпријатие Комунално од Струга кој беше сменет само еден ден, откако Зијадин Села дојде на градоначалничката функција во Струга.

Во образложението на одлуката било наведено „непочитување на одлуките на новиот градоначалник на Струга, Зијадин Села. На негово место како в.д. директор е назначен Аќип Ајро, човек кој важи за близок до новиот градоначалник и партиски поддржувач на ДПА.

Се поверојатно е дека ќе дојде до смена и на секретарот во општина Струга, Зоран Гулицоски кој на оваа функција се наоѓа цели 14 години и кој за време на владеењето на Рамиз Мерко важеше за алфа и омега во општина Струга.

Оставка поднесе и диекторот на Основното училиште во селото Лабуништа, Мухамед Селмани. Тој во свото писммо кој го испратил и до градските власти во Струга пишува дека дава неотповиклива оставка поради непостоење на можност за раководење на воспитно образовната институција (училиштето) поради огромни долгови кои ги има училиштето и блокирани сметки.

„До сега скоро една година и пол работиме со блокирани сметки и многу тешко се снаоѓавме со работата во училиштето. Не кријам дека најголемата инспирација и мотивација за моето прифаќање како директор во ова училиште беа тие чисти деца и насмевки, на кои денес се посегна на нивната гордост и чест, знаев дека директорското место во ова време не е благословена работа, но сум прифатил за тие деца и со една цел да им овозможам што подобри услови во училиштето, и сум дал збор дека ако треба и 24 часа ќе работам максимално само заради нив и поради нив, и токму тоа сум го правел, сум давал се од себе максимално сум работел, сум ги реализирал тие проекти на кој денес учениците ја имаат најголемата полза и корист“, вели Селмани.

Деновиве се очекуваат смени и на ракводители и началници на сектори и служи бо општина Струга.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Изгаснат е пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција

ВИДЕО: Гори Безистенот во Струга

Катерина Ѓуровски

Левица: Во јадрото на Старата струшка чаршија се гради незаконски без одобрение за градба

Горан Наумовски

Кривична за стружанец поради предизвикување пожар, запалил трева и ѓубриште, па си заминал

Левица: Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар

Горан Наумовски

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“