Мексиканските власти соопштија дека 14 лица загинаа во неколку судири помеѓу локалните самоорганизирани чувари и припадници на нарко бандите во западната држава Мичоакан.
Државната истражана полиција, пронајде тела во сојузната мексиканска држава Мичокан, која е позната по активностите на бандите, пренесе агенцијата „Асошиејтед прес“.
Самоорганизираното население на локалните заедници, кои ги блокираа патиштата, ги нападнаа вооружени членови на нарко бандите.
Таквите групи за самоодбрана, за прв пат се појавија во февруари, со цел да им се спротивстават на нарко картелите.
Елена Георгиевска