Во Сингапур дошло до неочекувано ширење на денга треската, а само вчера починале три лица, со што вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 19.
Досега во земјата се регистрирани 413 активни кластери на болеста, пред се во источните делови на Сингапур.
Како што наведуваат локалните власти, ова е шеста последователна недела во која денга треската не се смирува, а досега се регистрирани неколку илјади случаи во оваа мала островска земја. Само минатата недела се регистрирани 1.736 болни.
Од јануари со денга треската се заразиле 18.673 лица, што е најлош резултат од 2013 година, кога во текот на целата година биле заразени 22.170 лица.
Минатата година од оваа болест починале вкупно 20 лица.