Криза во Европската Унија: Лидерите на земјите-членки не можат да се договорат околу новиот економски пакет

Од:

Европските челници имаат спротивставени гледишта околу тоа кој и колку треба да плати, како и за начините за распределба на финансиската инјекција што треба да ѝ помогне на европската економија да закрепне од ударот на пандемијата.

Состанокот, кој е најдолгиот самит на ЕУ во последните 20 години, го одбележаа повеќе тензични моменти кои ја открија поделеноста меѓу претставниците на земјите-членки на унијата. Австрискиот канцелар Себастијан Курц го игнорираше францускиот претседател Макрон додека зборуваше, што предизвика кратка рапсравија.

Од друга страна, премиерот на Холандија Марк Руте го навлече гневот на претседателот на италијанската влада, Џузепе Конте.

Италијанскиот премиер му рече на Руте дека може да се гледа себеси како херој во сопствената земја, но за само неколку недели, токму тој ќе биде одговорен за блокирање на парите за справување со штетните последици од пандемијата.

27-те земји членки се уште не се во состојба да постигнат договор за точната сума на пари, како и за правилата кои треба да влезат во економскиот пакет кој предвидува грант од 750 милијарди евра за закрепнување на економијата.

„Очигледно, ова се многу тешки преговори што ќе продолжат и денес, некои прашања се веќе решени и се надевам дека оние што се потешки, ќе го најдат своето решение на ист начин“, рече канцеларката Ангела Меркел.

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел предложи да се намали грантот на 400 милијарди евра – помалку од неговиот првичен предлог од 500 милијарди. Заемите треба да се зголемат на 350 милијарди, во споредба со претходно најавените 250 милијарди, информираат од Брисел.

„Доаѓам денес со голема решителност и волја да напредувам со моите колеги и се разбира, да ја споделам пан-европската амбиција што сега ни е потребна. Ова го кажувам доста одговорно – неподготвеноста за компромис значи да се ризикуваат идните тешки моменти, што на крај ќе не чинат повеќе“, рече францускиот претседател Емануел Макрон.

Премиерот на Холандија Марк Руте ги повика земјите членки да стават вето на националните економски планови на Италија и Шпанија. На овој начин, двете земји ќе бидат обврзани да продолжат со спроведување на реформите во кредитирањето и пазарот на трудот и пензиите, според Руте.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он