По спроведување на парламентарните избори во Хрватска, се одржа состанок на Претседателството и Националниот совет на победничката хрватска партија ХДЗ на кој присуствуваше и лидерот Андреј Пленковиќ.
По состанокот, Пленковиќ даде изјави за медиумите и ги објави имињата на министрите во новата хрватска Влада.
„Добивме апсолутна поддршка на состанокот. Програмата на Владата е при крај и ќе биде претставена наскоро. Одевме на тоа да ги намалиме министерствата затоа четворица колеги од претходната Влада се преселуваат во Собранието “, рече Пленковиќ.
За претседател на хрватскиот Парламент беше предложен Гордан Јандроковиќ, а за потпретседатели Жељко Рајнер и Анте Санадер. Бранко Башиќ беше номиниран за претседател на Клубот на претставниците на партијата ХДЗ.
Министрите во новата хрватска влада се:
Министерство за одбрана- Томо Медведев
Министерство за внатрешни работи – Давор Божиновиќ
Министерство за финансии – Здравко Мариќ
Министерство за туризам и спорт – Николина Брњац
Министерство за регионален развој и фондови на Европската унија – Наташа Трамисак
Министерство за наука и образование – Радован Фукс
Министерство за економија и одржлив развој – Томислав Чориќ