Јагланд: Засега нема прием на Косово во Советот на Европа

Од:

Торбјерн Јагланд, генералниот секретар на најстарата демократска европска организација, изјави дека повеќето членови на оваа организација го имаат признато Косово, но досега не станало збор за негово членство во Советот.

„Она што е важно за нас е да продолжат заедничките програми кои ги имаме со ЕУ на Косово, бидејќи се однесуваат на заштитата на културното наследство и српските православни цркви. Овие програми се важни во изградба на меѓусебната доверба. Било каков статус на Косово мора да им гарантира пристап до религиското и културното наследство на двете страни“, изјави Јагланд за денешното издание на весникот „Новости“.

„Ние дејствуваме врз основа на Резолуцијата 1244 од Советот за безбедност на ОН. Сега постои и договор меѓу Белград и Приштина кога станува збор за регионалната соработка. Се уште немаме донесено одлука во врска со тоа. Но општиот пристап овде е дека треба да се најдат прагматични решенија. Има работи кои треба да ги направиме, а кои се многу поважни од ѕвездичките кои одат со името“, дециден е генералниот секретар на Советот на Европа.

 

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина