Актерката Скарлет Јохансон се согласи да ја преземе главната улога во новиот проект на режисерот Лук Бесон nare;en Lucy, кој ќе раскажува за генетски модифицирана хероина.
Приказната ќе се фокусира на девојка која е принудена да пренесува дрога. Меѓутоа, наместо само да ја пренесува, дрогата влегува во нејзиниот систем и ја претвора во смртоносен убиец, кој не чувствува никаква болка, може да ги придвижува работите со нејзиниот ум и апсорбира знаење со леснотија.
Звучи како совршено враќање во форма за Бесон, кој во 90-те години има режирано одлични акциони трилери како The Professional и The Fifth Element.
Во изминатата декада, тој се фокусираше на неговата работа како сценарист и продуцент и ни ги претстави хитовите The Transporter и Taken.
Снимањето на Lucy треба да започне во септември.