Јапонскиот производител на автомобили „Тојота“ го претстави новиот „4Ранер“ на музичкиот фестивал „Стејџкоуч“ во Палм Спрингс, во Калифорнија.
Најновиот 4Ранер е достапен со три различни нивоа на опрема. Купувачите можат да бираат меѓу погон две и четири тркала. Погонскиот агрегат е 4,0 литарскиот В6 мотор што испорачува 270 коњски сили преку петстепен ЕЦТ-И автоматски менувач.
Тојота 4Ранер има носивост од 7.762 килограми. Внатрешноста е збогатена со екран осетлив на допир, што нуди голем број информации и Оптитрон контролна табла. Достапен е Е-тјун инфотеинмент систем и антена вградена во ветробранското стакло на возилото.
Моделите СР5 и Лимитед се достапни со трет ред седишта. СР5 има седишта со осум функции за прилагодување, додека Лимитед има седишта обложени со кожа.