Хрватските научници одгледаа специјален вид пчели, кои можат да „намирисаат“ минско поле на далечина од пет километри.
Научниците неколку години ги тренирале пчелите и им ја усовршувале техниката за откривање на мини. Пчелите биле хранети со шеќер со мирис на експлозив.
– Идејата беше пчелите да почнат да го поврзуваат мирисот на храната со мирисот на експлозив, наведе професор Матеја Јанеш.
Тој додаде дека користењето на пчели е помалку опасно, а покрај тоа и се побрзи од кое било куче.
– Друга предност им е кога не работаат, произведуваат многу вкусен мед, посочи проф. Јанеш.
Проектот почнал во 2007 година на Агрономскито факултет, а пчелите биле тренирани на ливада до факултетот.
Хрватска е во процес на деминирање, а на 680 километри квадратни од територијата има околу 90.000 мини, останати од војната во 90-тите години од минатиот век.