Товарен авион се урна денеска во воената база во Баграм во Авганистан, на околу 60 километри северно од главниот град Кабул.
Засега нема информации за евентуални жртви во несреќата.
– Голем товарен авион, кој веројатно и припаѓа на Армијата на САД, се урна во северниот дел на воената база Баграм. Од далеку видовме чад, кој се издига од остатоците на авионот, но американските војници го блокираа местото и не дозволуваат никој да се приближи, изјави локален полициски службеник.
Коалициските сили ја потврдија несреќата, нагласувајќи дека цивилен товарен авион се урнал веднаш по полетувањето од аеродромот во Баграм.
Талибанските бунтовници соопштија дека нивни борци го урнале авионот. Според нив, нападот бил дел од нивната пролетна офанзива.
Меѓународните коалициски сили ги демантираа ваквите тврдења на талибанците.