Два македонски филма учествуваа на мобил фестивалот во Сан Диего

Од:

Филмовите „Изненадување” на Даниел Трајков и „Cat’s Tale” на Михаела Ѓорчева викендов учествуваа на Интернационалниот мобил филм фестивал во Сан Диего, Калифорнија, и беа прикажани во Гросмонт колеџот.

Трајков и Ѓорчева учествуваа на минатогодишното издание на „Мобил фестивал” – македонскиот интернационален фестивал на филмови снимени со мобилен телефон, посветен на Ратка Илиевска-Лале.
„Мобил фестивал“ соработува со најпознатите светски фестивали од овој вид, а втора година под ред македонски филмови учествуваат на фестивалот во Сан Диего.

Годинашниот, четврти „Мобил фестивал“ ќе се одржи во ноември, а конкурсот за пријавувањето филмови е отворен во текот на целата година.

Би можело да ве интересира

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ