Во Велес се одржа традиционалната манифестација „Велигденско јајце“

Од:

Во организација на Општина Велес денеска во Младинскиот парк се одржа традиционалната културна манифестација „Велигденско јајце“.

Од продажните штандови посетителите имаа можност да купат по симболични цени интересно декорирани и обоени велигденски јајца.

На манифестацијата учествуваа сите основни и средни училишта од Велес и околината, Ученичкиот дом „Лазар Лазаревски“, Државното училиште за деца со посебни потреби „Маца Овчарова“, Детската градинка „Димче Мирчев“, членовите на Здружението на лица со церебрална парализа, Активот на жените пензионерки и Организација на жените од Велес.

Од оваа година манифестацијата доби и меѓународен карактер, а првпат продажни штандови имаа претставници од Општина Пробиштип, од Пустец, Република Албанија и збратимените градови од Ужице и Сомбор, Република Србија, Свиштов,Република Бугарија и Слобозија, Република Романија.

– Самото присуство на петте градови пријатели на општина Велес говори дека оваа културна манифестација оди на повисоко меѓународно ниво и ние сме задоволни од постигнатиот успех, истакна градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев.

Средствата кои ќе се соберат од продажните штандови, општината ќе ги донира на локалната црковна Народна кујна.

Би можело да ве интересира

Филипче од Велес: СДСМ имаше пет иницијативи за раст на платите, ВМРО-ДПМНЕ ги одби сите

Велешанец ја следел девојката, ја навредувал и ја малтретирал, но и нанел и повреди

Горан Наумовски

ДОМ: Фемицидот во Велес е резултат на институционален колапс – бараме одговорност и системски промени

Петровска: Секое непостапување во случајот Росица мора да биде казнето!

СДСМ: Убиство во Велес поради негрижа на полицијата на Тошковски и институциите на ДПМНЕ, бараме одговорност

Изгоре автомобил на паркинг во Велес