Предметите за приватизација од 2018, 2019 и 2020 можат да се проверат на интернет

Од:

Сите предмети поднесени за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост во 2018, 2019, 2020 граѓаните можат да ги следат до која фаза на решавање се на порталот privatizacija.finance.gov.mk, соопштува Министерството за финансии.

Како што наведуваат во соопштението, станува збор за околу 11.500 предмети поднесени во овој период.

-Постапката за користење е многу едноставна. Потребен е архивскиот број на предметот, кога и во кое подрачно одделение е поднесен, како и катастарска парцела и катастарска општина за кои се однесува барањето. Доколку барателот не ја знае катастарската парцела и општина, доволно е само да го внесе својот матичен број или даночен број во случај на правно лице. Софтверот потоа на е-маилот на барателот, доставува податоци во која фаза на решавање е предметот, односно дали е решен, појаснуаат од Министерството за финансии.

Додаваат дека на овој начин, граѓаните и фирмите на брз и едноставен начин можат да се информираат на платформата, преку својот паметен уред, без да доаѓаат во подрачните единици на Управата за имотно правни работи.

Изминатата година, како што стои во соопштението, Управата за имотно правни работи реши над 7.000 предмети за приватизација. Истовремено се поднесуваат и нови барања. Рокот за поднесување на барање за приватизација на државно земјиште е заклучно 31 декември 2021.

Би можело да ве интересира

Ковачевски и Бесими молчат за трите државни парцели кај „Тифани“ кои стануваат приватни за шесткатница

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Три државни парцели стануваат приватни за нова шесткатница кај „Тифани“

Маја Илиевска-Пачемска

Попова Шапка догодина се приватизира, целосно или со јавно-приватно партнерство

Жарко Настоски

Државната новинска агенција на Србија ќе биде приватизирана

Повторно можност за поднесување барања за приватизација на државно градежно земјиште

Ана Ололовска