Десетти ден по ред протести во Бугарија, се бара оставка од Владатa

Од:

Протести против владата и генералниот обвинител се одржуваат во Софија и другите градови низ Бугарија, веќе десетти ден по ред, и покрај дождот и студеното време.

Учесниците на протестот денеска повторно побараа оставка на владата и на генералниот обвинител и распуштање на парламентот, пренесува БТА.

Началникот на полицијата во Софија, Радослав Стојнев соопшти дека за време на протестите во петокот биле задржани седум лица во притвор. Тој додаде дека нема нарушувања на јавниот ред и дека за време на протестот во петокот не биле забележани групи на провокатори.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов во средата побара од министрите за финансии, економија и за внатрешни работи да си дадат оставки поради протестите што се одржуваат низ целата земја против корупцијата.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Срамно е да се злоупотребува најзагрозеното малцинство за политички цели

Спречен обид за антивладини протести во Киргистан, уапсен се наводните лидери на бунтот

Цицвариќ најави голтање солзавец и враќање на ДОС

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

(ВИДЕО) Пожар во Градска куќа во Нови Сад

Горан Наумовски

Демонстрантите влегоа во клинч, додека други ги искршија стаклата на Градското собрание во Нови Сад