Германската канцеларка Ангела Меркел пристигна на првиот вонреден состанок на претставниците на ЕУ во европскиот Совет од почетокот на пандемијата на Ковид-19. На снимките од нејзиното пристигнување, Меркел изгледаше изгубено додека одеше кон просторијата за преговори.
Одејќи по црвениот тепих во зградата на Советот на ЕУ, канцеларката наеднаш застана и збунето погледна пред влезот на салата. По неколку секунди размислување, таа продолжи да оди во истата насока.
Снимката предизвика лавина од реакции и духовити коментари на социјалните мрежи.
«Что там за поворотом? Стоит ли идти?»: Меркель и опасности, подстерегающие на саммите ЕС pic.twitter.com/S6cldWrxSj
— Дмитрий Смирнов (@dimsmirnov175) July 17, 2020
Лидерите на Европската унија се собраа во Брисел во обид да постигнат договор за заеднички буџет за следните седум години и фонд за закрепнување поради новонастаната ситуација предизвикана од пандемијата.
Од Брисел велат дека е потребно да се постигне договор што е можно поскоро за да може брзо да се започне со санација на економските последици од пандемијата, кои се сметаат за најголема криза од создавањето на ЕУ.