(ВИДЕО) Меркел: Заканите на Путин треба да се сфаќаат сериозно

Од:

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави дека сериозното сфаќање на зборовите на рускиот претседател Владимир Путин е знак на политичка мудрост, а не на слабост.

Меркел, која ја напушти функцијата два месеци пред почетокот на војната во Украина, на церемонијата на фондацијата Хелмут Кол изјави дека заканите на Путин треба да се сфатат сериозно, пишува Euro news.

„Заканите на Путин не треба да се отфрлаат и да се нарекуваат блеф. Тие треба да се сфатат сериозно и ова не е знак на слабост или попуштање, тоа е знак на политичка мудрост. Оваа мудрост може да помогне да се зачува просторот за маневрирање“, рече поранешната германската канцеларка.

Меркел мислеше на неодамнешната изјава на Путин дека ќе го искористи рускиот нуклеарен арсенал. Путин го предупреди Западот дека Москва има „различни средства за уништување, помодерни од оние на земјите од НАТО“.

„Кога ќе биде загрозен територијалниот интегритет на нашата земја, за заштита на Русија и нашиот народ, ние секако ќе ги искористиме сите средства што ни се на располагање. Тоа не е блеф“, изјави неодамна Путин.

Би можело да ве интересира

Орбан: Запад на чекор до испраќање војска во Украина

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски

На Путин му беше врачен претседателски сертификат: ЦИК ја потврди неговата победа на изборите

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат