Ковид-19 е директна причина за смрт кај околу 89 отсто од заболените во Италија

Од:

Ковид-19 е директна причина за смртта кај околу 89 проценти од смртните случаи во Италија кои биле позитивни за вирусот, покажуваат податоците на италијанскиот Висок институт за здравство и Националниот институт за статистика (ИСТАТ).

Преостанатите смртни случаи се однесуваат на кардиоваскуларни заболувања (4,6 отсто), тумор (2,4 отсто), респираторни заболувања (еден процент), дијабетес (0,6 отсто), деменција (0,6 отсто) и болестите на дигестивниот систем (0,5 проценти).

Во извештајот се наведува дека Ковид-19 може да предизвика смрт дури и кај пациенти кои немаат други здравствени проблеми.

Во 28,2 проценти од случаите, немало други здравствени проблеми, се вели во извештајот на Вишиот институт за здравство и ИСТАТ.

Како што е наведено, 31,3 проценти од смртните случаи заразени со Ковид-19 имале друг здравствен проблем, 26,8 отсто имале два, а 13,7 отсто имале три или повеќе проблеми со здравјето.

Во истражувањето биле вклучени 4.942 смртни случаи од Ковид-19.

Во Италија од почетокот на пандемијата од Ковид-19 умреа 35.017 лица, со што оваа земја стана петта земја во светот според бројот на смртни случаи по САД, Бразил, Велика Британија и Мексико.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски