Успеавме да го удвоиме бројот на мандати на овие избори и во Собранието на Северна Македонија ќе имаме четири пратеници. Коалицијата „Можеме“ ја направи разликата и ја обезбеди победата, истакна на денешната прес-конференција генералниот секретар на Движењето Беса, Аријанит Хоџа.
– Несомнено, мандатот на СДСМ и Движењето Беса ќе биде владин мандат во наредните четири години, а целата наша заложба ќе биде насочена кон продолжување на патот на интеграција на земјата во Европска унија и одржување на прозападната орентација на земјата потпирајќи се на нашите сојузници како САД и земјите членки на ЕУ, изјави Хоџа.
Во своето обраќање, Хоџа истакна дека завршиле еден предизвикувачки изборен процес и преземале ризик, како што наведе, „кој никој не се осмелил досега и докажавме дека ја направивме вистинската одлука со тоа што застанавме на вистинската страна“.
– Некогаш бројките и победата не се важни, но важно е да се биде на вистинската страна. Движењето Беса на овие избои ги има и бројките и победата и е токму таму каде што сакаат мнозинството граѓани – во опцијата што гарантира пат за инреграција во ЕУ, економски разој и градење на рамноправна држава за сите врз основа на партнерство меѓу Албанците, Македонците и сите други етнички заедници, ре Хоџа.
На новинарско прашање во врска со тоа која партија од албанскиот блок ќе биде поприфатлива за коалициски партнер, Хоџа рече дека очекуваат да го видат финалниот резултат и врз основа на тоа ќе донесат одлуки.
– Очекуваме да заврши броењето на гласовите. Во овој момент не сакаме да прејудицираме. Остануваме на тоа да го видиме финалниот резултат и врз основа на тоа ќе донесеме и одлуки, вели Хоџа.
Во врска со тоа каде биле вчера Беса додека СДСМ славеше победа, генералниот секретар на партијата истакна дека тие ги собрале резултатите од шестата изборна единица и не успеале на стигнат од Тетово.
– Бевме поканети, но заради тоа што штабот ни беше во Тетово не успеавме да стигнеме. Но, сме во целосна комуникација и координирани за се. Без разика на се, ние може да славиме победничка коалиција. Тоа е најважното во целата приказна и наредната влада ќе биде предводена од оваа коалиција, рече Хоџа.