Ангелов: Орален хирург е државен секретар во Министерство за одбрана

Од:

Претседателот на „Достоинство“, Стојанче Ангелов на својот ФБ профил, прашува како не доживуваат во Европа и колку ни се потсмеваат.

Повод за ова е изборот специјалист по орална хирургија да биде државниот секретар во Министерството за одбрана.

„На веб сајтот на МИА (Македонска Информативна Агенција) за денес има најава дека “висока делегација предводена од државниот секретар во Министерството за одбрана, стоматологот Сашо Стефаноски ќе престојува во работна посета на седиштето на НАТО во Брисел“. Внимавајте, напишале “висока делегација“. И за жал, во право се’. Државен секретар во Министерство за одбрана е навистина висока функција. Но кој ја извршува таа функција во Македонија? Специјалист по орална хирургија!!! Нашиот славен 30-годишен забар не запира, денес ќе ја оправа Македонија во седиштето на НАТО. Луѓе, имате ли претстава со какви очи не гледаат во НАТО? Како не доживуваат како народ? Како не доживуваат како држава? Колку само ни се потсмеваат“, напишал Ангелов.

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски