На 33 осто обработени податоци СДСМ води со тројца пратеници, велат од партијата

Од:

СДСМ на 33 отсто обработени податоци од гласањето на предвремените парламентарни избори води со тројца пратеници. Трендот е во постојан раст, брифираат извори од СДСМ за МИА.

Првичните резултати коишто стигаат до мене од избирачките места покажуваат огромно водство на СДСМ и коалцијата „Можеме“. Очекуваме сигурна победа за СДСМ, сигурна победа и чист мандат за коалцијата „Можеме“. Победа за нашиот концепт кој што води напред кон развој и европска интеграција, истакна претходно денеска на прес-конференција генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски по затворањето на избирачките места.

Тој упати благодарност до сите граѓани што излегле да гласалаат, почитувајќи ги мерките за заштита од корона вирусот и го дале нивниот придноес кон развојот на нашето демократско општество.

– Сведоци сме на демократски и професионално спроведен изборен процес и затоа треба да бидеме горди. Во овие вонредни околности уште еднаш потврдуваме дека нашите институции можат да се носат со сите предизвици и пред се да ги заштитат граѓаните нивното здравје но и да обезбедат слободен, фер и демократски изборен процесм нагласи Николовски.

Тој посочи дека изборниот ден минал во најдобар ред.

Би можело да ве интересира

Следува уште една изборна година

Ана Ололовска

Усогласување на владината програма и распределба на кадри во преговорите меѓу СДСМ и ДУИ

Ана Ололовска

ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ бара Антикорупциската да отвори случај за финансирање на изборната кампања на СДСМ

А1он

Уште пет дена за договор за нова влада

А1он

СДСМ: Продолжуваат разговорите за нова влада со полн четиригодишен мандат

А1он

СДСМ тврди дека преговара за Влада со стабилно мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ бара да ги кажат имињата на партиите

А1он