Американската војска обвини дека руската паравоена група „Вагнер“ поставува мини околу Триполи

Од:

Командата на САД во Африка (АФРИКОМ) ја обвини паравоената единица „Вагнер“, спонзорирана од руската Влада, дека поставува мини и други експлозивни направи околу Триполи.

АФРИКОМ истакна дека има докази односно фотографии на кои се гледа како групата „Вагнер“ од средината на јуни поставува мини околу Триполи и Сирт.

– Групата „Вагнер“ спонзорирана од руската држава, покажува целосно непочитување на безбедноста и сигурноста на Либијците. Таквата неодоговрна тактика ќе го пролонгира конфликтот. Групата е одговорна за страдањето и за смртта на цивилите, се наведува во соопштението на АФРИКОМ.

Судирите во Либија почнаа во 2011 година, кога во граѓанската војна беше соборен долгогодишниот лидер Моамер Гадафи, кој подоцна беше убиен. Оттогаш две ривалски групи се борат за превласт.

Силите на генерал Калифа Хафтар во април 2019 година покренаа офанзива за заземање на Триполи, но меѓународно признатата Влада возврати.

Меѓународно признаената Влада на премиерот Фајез ал Сараџ, со седиште во Триполи контролира помал дел од територијата, додека седиштето на Хафтар е во Тобрук и тој контролира поголем дел од земјата, а има контрола и врз нафтените полиња.

Русија, првенствено прегу „Вагнер“, Обединети Арапски емират и Египет го поддржуваат генералот Хафтар, додека Турција ја поддржува меѓународно признаената Влада во Триполи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он

Доколку Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор на Москва, велат од руското МНР

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот