Во Делчево и Берово одзивот до 13:00 часот е над 21 процент

Од:

Во Делчево и во Берово гласањето за предвремените парламентарни избори се одвива мирно и без проблеми. Поради мал проблем со апликацијата за резултатите од излезноста, последните информации за излезноста во Делчево до 11 часот говорат дека 21 процент од вкупно регистираните гласачи го оствариле своето право на глас.

-На сите 36 избирачки места се тече во најдобар ред. Излезноста заклучно до 11 часот изнесува 21 процент. Поради блокирање на апликацијата нови информации ќе соопштиме во текот на денот. Безбедни се сите избирачки места ОИК ги презеде сите неопходни работи во врска со тоа, има маски ракавици, по двајца влегуваат на избирачко место, луѓето влегуваат си гласаат без проблеми, рече Владимир Петровски од ОИК Делчево.

Како што соопшти Љупчо Бошнаковски, заменик претседател на Општинската изборна комисија, слична е бројката на излезност и во Берово.

-На сите седум гласачки места во Берово, две гласачки места во Русиново и останатите избирачки места гласањето се одвива без проблеми. Во однос на безбедноста имаме доволно средства за хигиена, така што се тече во најдобар ред. До 11 часот излегле 21,83 проценти од запишаните 10.797 гласачи, истакна Бошнаковски.

Од утрово на избирачките места во Делчево и Берово своето право на глас го остварија кандидатите за пратеници во Изборната единица 3.

Би можело да ве интересира

Водата од беровскиот водовод не е за пиење

А1он

Mаж од Делчево ја претепал сопругата

Во незгода тешко повредена жена во Берово

Земјотрес во Берово и околината

Во својот дом е нападната 40-годишна жена од Берово

ВИДЕО: Пороен дожд со град и ветар во Делчевско

Катерина Ѓуровски