Одѕивот до 13 часот е помал за 10,56 отсто од одѕивот на изборите во 2016 година

Од:

Одѕивот до 13 часот на предвремените парламентарни избори е за 10,56 отсто помал во споредба со парламентарните избори во 2016 година. Денес до 13 часот гласале 432.026 гласачи од вкупно запишаните 1.814.613 гласачи во Избирачкиот список, односно 23,81 отсто.

Најголем е одѕивот во Изборната единица (ИЕ) 3 каде до 13 часот гласале 28,92 отсто од граѓаните, а најмал во ИЕ 6 каде што на гласање излегле 15,58 отсто од гласачите. Во ИЕ 1 одѕивот до 13 часот е 27,09, во ИЕ 2 одѕивот е 21,64 отсто, во ИЕ 4 на гласање излегле 27,45 отсто од гласачите и во ИЕ 5 до 13 часот гласале 23,11 отсто од запишаните гласачи.

Одѕив до 13 часот во 2016

Најголем одѕив до 13 часот ДИК регистрира во Крива Паланка 41,07 отсто од гласачите.
Одѕивот со 13 часот на парламентарните избори во 2016 година бил 34,37 отсто, гласале 601.230 граѓани од тогаш запишаните 1.784.416 во Избирачкиот список.

Најголем одѕив имало во ИЕ 4 каде што до 13 часот гласале 39,20 отсто од гласачите, а најмал бил одѕивот во ИЕ 6 каде што до 13 часот гласале 23,93 отсто од запишаните гласачи. Во ИЕ 1 одѕивот бил 38,35 отсто, во ИЕ 2 бил 33,62 отсто, во ИЕ 3 гласале 38,51 отсто од гласачите и во ИЕ 5 одѕивот со 13 часот на изборите во 2016 година бил 33,55 отсто.

Би можело да ве интересира

Следува уште една изборна година

Ана Ололовска

Усогласување на владината програма и распределба на кадри во преговорите меѓу СДСМ и ДУИ

Ана Ололовска

ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ бара Антикорупциската да отвори случај за финансирање на изборната кампања на СДСМ

А1он

Уште пет дена за договор за нова влада

А1он

СДСМ: Продолжуваат разговорите за нова влада со полн четиригодишен мандат

А1он

СДСМ тврди дека преговара за Влада со стабилно мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ бара да ги кажат имињата на партиите

А1он