Во Мексико во судир помеѓу две групи затвореници, загинаа 13, а повредени се 87, меѓу кои дваесет и две се во критична состојба.
Обвинителството на Мексиканската покраина Сани Луис Потоси, соопшти дека во текот на судирот затворениците користеле ножеви кои сами ги направиле и дека не се работи за бунт против затворските службеници.
Гувернерот Фернандо Торанзо ја потврди информацијата дека во судирот 13 лица починале, а 87 се повредени.
Тој изјави дека е започната истрага за тоа дали и затворската управа била вмешана во судирот, пренесуваат медиумите.
Граѓани на Косово со петиција сакаат да го вратат Вулин
Жителите на северниот дел на Косовска Митровица и останатите општини на север на Косово, денес започнаа потпишување на петиција, со која бараат Александар Вулин да се врати на местото директор на Канцеларијата за Косово и Метохија.
Меѓу првите кои ја потпишаа петицијата беше заменикот на Вулин, Крстимир Пантиќ.
Петиција потпишуваат и Србите во Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток, а истото го направија и жителите на Ораховец.
Вулин минатиот вторник најави дека ќе поднесе оставка на местото директор на Канцеларијата за Косово и Метохија, а во среда и официјално упати оставка до Владата на Србија.
Во образложение на оставката, Вулин изјави дека во Брисел бил против договорот и дека смета дека е логично да ги сноси консеквенците за своите политички ставови.
Елена Георгиевска