Претседателот на Бугарија, Росен Плевнелиев, во изјава за националното радио на Бугарија, вели дека Македонија и Бугарија треба заедно да го слават минатото.
„Ние имаме заедничка историја која што треба да не зближува, а не да не разделува“ рекол бугарскиот претседател.
Тој во изјавата потенцира дека од ниту еден град во Бугарија нема да се отстранат спомениците на Гоце Делчев, а според него Македонија се однесувала неодоговорно кон неговата земја.
Плевнелиев посочува два проблеми меѓу Македoнија и Бугарија. Првиот, спред бугарскиот претседател е што сегашната власт во Македонија не ја признава декларацијата за добрососедство потпишана од 1999 годин,а што за Плевнелиев не е европски пристап.
Вториот проблем, според него, е тоа што македонскиот шеф на дипломатијата Никола Попоски изјавил дека не е потребен договор за добрососедство помеѓу двете земји. Таквиот договор, од неодамна беше идеја на Бугарија.