Џафери: На сите што учествуваат во изборите им посакувам успех

Од:

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери го оствари своето гласачко право на избирачкото место во гостиварското село Форино.

По гласањето, Џафери посака изборниот процес да се заврши регуларно и без проблеми. Тој по гласањето замина во изборниот штаб во петтата изборна единица каде е носител на листата за пратеници од партијата ДУИ за да го изборите во оваа изборна единица.

– Како што е редот денес, јас во моето родно место го искористив правото на глас. Со оглед дека сум носител на кандидатската листа во петтата изборна единица, по гласањето ќе се упатам таму за да одблизу ги следам изборите и таму да ги чекам резултатите по завршувањето на гласањето. Мило ми е што се преземени сите мерки за заштита од коронавирусот и тоа е она што треба да следи во текот на денот. На сите што учествуваат во изборите им посакувам успех, изјави Џафери.

Џафери во согласност со заштитните мерки на гласање во основното училиште „Форино“ беше придружуван од сопругата, која исто така го оствари правото на глас.

Би можело да ве интересира

Следува уште една изборна година

Ана Ололовска

Усогласување на владината програма и распределба на кадри во преговорите меѓу СДСМ и ДУИ

Ана Ололовска

ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ бара Антикорупциската да отвори случај за финансирање на изборната кампања на СДСМ

А1он

Уште пет дена за договор за нова влада

А1он

СДСМ: Продолжуваат разговорите за нова влада со полн четиригодишен мандат

А1он

СДСМ тврди дека преговара за Влада со стабилно мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ бара да ги кажат имињата на партиите

А1он