ВИДЕО: Протестот во Софија ескалираше, демонстрантите насилно се обидоа да влезат во бугарската Влада

Од:

Околу 22:30 часот, организираниот антивладин протест во главниот град на Бугарија- Софија ескалираше кога демонстрантите се обидоа насилно да влезат во зградата на бугарската Влада откако ги искршија прозорците на истата.

Револтираните демонстранти фрлаа шишиња и други тврди предмети кон полициските службеници, а според првичните информации, неколкумина полицајци се повредени.

Две лица од групата што протестираше се искачија на балконот од зградата на Владата од каде истакнаа и транспарент на кој пишуваше „Се продава“, тоа предизвика одобрување и аплауз од страна на демонстрантите. Состојбата ескалираше во моментот кога групата насилно се обиде да влезе внатре во зградата по што истата беше спречена од припадниците на безбедносните сили кои стоеа пред влезните врати на Владата.

Сблъсък между полиция и протестиращи пред бившия Партиен дом

Напрежението пред Министерския съвет в София рязко ескалира при поредния протест. Стигна се до сблъсъци между полиция и протестиращи. Разберете повече ТУК: https://bit.ly/3j3Fdta

Posted by bTV Новините on Вторник, 14 јули 2020

Протестите започнаа минатата недела, откако опозицискиот политичар Христо Иванов беше спречен да пријде на јавна плажа на Црното Море од страна на агенти на државната безбедност, кои ја обезбедувале блиската вила на Ахмет Доган, поранешниот претседател на Движењето за слободи и права. Иванов го обвини Борисов, дека му овозможува на Доган, кој се смета за еден од најмоќните луѓе во земјата, да присвојува јавен имот и да користи пари на даночните обврзници за да го штити контроверзниот политичар, иако тој не е на никаква функција во моментов.

Кон протестите во изминатите денови се приклучија и илјадници граѓани незадоволни од нивото на корупција во Бугарија како и поради лошиот животен стандард и економските проблеми.

Протест в София

Напрежение на протеста в София – сблъсъци между полиция и протестиращи

Posted by bTV Новините on Вторник, 14 јули 2020

Главните барања на демонстрантите се бугарската Влада да поднесе оставка заедно со главниот обвинител.

Би можело да ве интересира

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски