Сане презадоволен по првиот тренинг во Баерн

Од:

Напаѓачот на Баерн, Лерој Сане ги сподели своите впечатоци од првиот тренинг како играч на тимот од Минхен.

– Првата лекција помина многу добро. Многу сум среќен што се вратив на теренот и ја спроведов мојата прва тренинг сесија во базата на Баварците. Презадоволен сум, изјави Сане за веб-страницата на германскиот шампион.

На 3 јули Сане потпиша договор со Баерн до крајот на јуни 2025 година. Тој во Германија доаѓа од Манчестер сити.

Дваесет и четиригодишниот Германец ги скина лигаментите во првиот натпревар од сезоната 2019/20 – Суперкупот на Англија против Ливерпул. На теренот се врати на 22 јуни против Барнли.

Би можело да ве интересира

Бизарна причина го кочи големиот трансфер

Предраг Петровиќ

Баерн казнет со 200.000 евра поради непочитување на прописите за минимална плата

Горан Наумовски

Садио Мане удри соиграч по поразот од Манчестер Сити

Баерн е на врвот, но „милионерите“ се само три чекори назад

УЕФА ги казни Баерн и Селтик

Матијс Тел влезе во историјата, а Штутгарт освои бод против Баерн