Градот под Марковите кули ќе добие модерна киносала

Од:

Од денес во тек се градежните активности за изградба – на новата киносала до Центарот за култура „Марко Цепенков” на просторот на сегашниот ресторан.

Од Министерството за култура се обезбедени преку 200 илјади евра за набавка и инсталирање на најсовремена опрема со сите придружни содржини.

Според градоначалникот Ристески, соработката меѓу локалната самоуправа и Министерството за култура продолжува.Неодамна Министерството за култура финансираше неколку проекти во Центарот за култура во вредност од 7,5 милиони денари.

prilep-kinosala (1)

При недоамнешната посета на министерката Канческа-Милевска во Центарот за култура „Марко Цепенков”, беше предаден новиот дигитален проектор,а во иднина се очекува да започне реконструкцијата на салата и нејзино комплетно внатрешно реновирање на ентериерот и екстериерот.Во рамки на киното ќе има и кафетерија, како што најавуваат од локалната самоуправа – за сè да биде по европски стил.

Би можело да ве интересира

Пламна пожар во стан во Прилеп, две жени завршија во болница

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Финансиска полиција ја тресе прилепската болница

Истрага за 50-годишен прилепчанец за обид за убиство на социјален работник

А1он

Јанкоски: ЛДП бара итна и темелна истрага за нападот на вработената во социјалното во Прилеп

Тешко ранета е вработена во прилепскиот Центар за социјални работи

Горан Наумовски