Штип ја доби градежната дозвола за изградба на брана на река Отиња

Од:

Општина Штип денеска го доби одобрението за градење брана на река Отиња од Министерството за транспорт и врски, информираат од кабинетот на градоначалникот на Општина.

Во писменото соопштение се вели дека се исплатеа сите напори и трудот кој како општина го имаат вложено заедно со тимот на проектанти, тимот кој работеше на ревизија на овој компленсен проект и тимот кој работеше на деталниот урбанистички план.

-Општина Штип упатува благодарност за силната меѓуинституционална соработка која ја воспоставивме помеѓу нас и Владата заедно со ресорните министерства – Транспорт и врски, Земјоделство шумарство и водостопанство и Животна средина и просторно планирање. Деновиве ќе биде распишана постапката за изградба на браната Отиња, која е со висина на круната од околу 34 метри со три милиони м3 вода, се вели во соопштението од Општина Штип.

Браната на река Отиња е предвидено да се изгради во наредните две и пол години, а ќе чини 7,5 милиони евра. Средствата се обезбедени од државниот буџет.

Би можело да ве интересира

Клековски: Формирана e комисија за надзор над случајот со родилката од Штип, ќе се вклучат двајца странски стручњаци

Горан Наумовски

38-годишен штипјанец почина во својот дом

Горан Наумовски

ВИДЕО: Невремето ја оштети ортопедијата во Штип, пациентите со скршеници ќе се препраќаат во други болници

Гори борова шума над филтер-станицата кај Штип

А1он

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски