Нигериската војска вчера соопшти дека го убила командантот на радикалната исламистичка група „Боко Харам“, Мохамед Чад, во градот Мајдугури, на североистокот на државата.
Портпаролот на војската изјави дека Чад, по кого е издадена потерница е убиен при специјална операција која што ја спровеле безбедносните сили во Мајдугури.
Според објавените податоци тој бил вмешан во планирање и изведување на многу терористички напади, во и надвор од Борно.
Се претпоставува дека Чад е и наследникот на Баан Асалафи, главниот командант кој загина во вооружен судир со безбедностите сили на 13-ти март, во Сокото.
Припадниците на екстремистичката организација „Боко Харам“ сакаат да формираат исламска држвата на северот на Нигерија, се борат за воведување на шеријатскиот закон, а од основањето во 2001 година се одговорни за смрт на илјада лица.
Елена Георгиевска