ЈП „Водовод и канализација“ апелира за разумно и рационално користење на водата

Од:

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје апелира граѓаните на град Скопје рационално да ја користат и употребуваат водата, односно да избегнуваат полевање поголеми површини и непотребно трошење на водата за време на топлите денови.

– Воедно, со цел заштита на системот за водоснабдување, граѓаните кои регуларно и редовно ги извршуваат своите обврски кон претпријатието, како и во согласност со сите законски регулативи, ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје спроведува акции за исклучување на диви приклучоци, велат од јавното претпријатие.

Оттаму појаснуваат дека дивите приклучоци се забранети со закон (Закон за водоснадбување, член 23) и се утврдуваат од страна на овластен комунален инспектор на општината и на Градот (Закон за водоснадбување, член 37), врз основа на што за сите утврдени иматели на див приклучок ќе биде поткрена постапка за сторено кривично дело.

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје потсетува дека со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснадбувањето до сите корисници во Град Скопје.

Претпријатието апелира и ги повикува граѓаните на одговорно однесување, отстранување на дивите приклучоци и регуларно поднесување барања за водоводен приклучок доколку за тоа имаат потреба.

Би можело да ве интересира

Водата од беровскиот водовод не е за пиење

А1он

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Повлечена вода од хрватскиот пазар испорачана во соседството

Загубите на вода во државава 62-63 отсто, меѓу највисоките во регионот

Се реконструира водоводната мрежа во дел од Автокоманда

А1он

(ВИДЕО) Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски ја вработил кумата во Водовод, обвинуваат од СДСМ

А1он