Во последните 24 часа од вкупно 479 примероци во Црна Гора, новозаразени се 66 лица.
Најмногу новозаразени има во главниот град Подгорица -19, Беране -десет, Никшиќ -девет, Рожаје -седум, Цетиње -шест, Плевља -пет, Бар -три, Улцињ, Будва и Бијело Поље по два и Херцег Нови еден.
Во текот на денот, беше потврдена смртта на пациент кој бил лекуван во Беране.
Во тек се лабораториски анализи за уште три смртни случаи за кои постои сомневање дека биле предизвикани од инфекција со коронавирус. Вкупниот број на потврдени смртни случаи од почетокот на јуни е 15.
Од почетокот на јуни, вкупниот број на регистрирани случаи е 963, со 15 потврдени смртни случаи, а во моментов има и 15 излекувани. Бројот на активни случаи во Црна Гора изнесува 933, додека вкупниот број тестирани лица е 24.972.