Српската премиерка ќе предложи мерка – задолжително носење маски во затворен простор во цела држава

Од:

Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска изјави дека ќе предложи задолжително носење маски во затворен простор во цела Србија, без оглед дали во некое место е прогасена или не вонредна состојба.

Таа истакна дека во изминатите четири дена се намалил бројот на новозаболени лица со Ковид-19, додавајќи дека тоа е резултат на носењето заштитни маски во градовите, каде е прогласена вонредна состојба.

Брнабиќ наведе и дека во изминатите 24 часа во Србија хоспитализирани се 159 лица позитивни на новиот коронавирус.

Во Србија досега со Ковид-19 се инфицирале 18.639 лица, од кои 405 починаа, а оздравеле 13.940 лица.

Би можело да ве интересира

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина