Претстојните парламентарни избори на 15 јули биле главната тема на денешната работната средба меѓу дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Славјанка Петровска со раководството на СВР Охрид.
-Како Министерство се соочуваме со нов предизвик, а тоа е организирање и спроведување на фер и демократски избори и јас сум уверена дека и оваа задача успешно ќе ја завршиме. Ве повикувам да го покажете својот личен и професионален интегритет и во постапувањето да се темелите на законски издадени наредби, притоа строго почитувајќи ги правилата на хиерархија и полициско постапување, истакна Петровска.
Раководството на СВР Охрид, како што соопшти МВР, ја информирале заменик министерката дека нема индиции за нарушување на јавниот ред и мир и безбедноста и дека се направени сите подготовки за извршување на зголемениот обем на работа, дефинирани се контактите и координацијата со општинските изборни органи. Петровска била информирана дека навремено била извршена обука на полициските службеници за законските права и обврски за време на избори и дека ќе се преземат сите потребни активности за изборите да бидат фер и демократски.