НСДП со повик до граѓаните да излезат на гласање на 15 јули

Од:

„Изминативе три ипол години успеавме да отвориме нова страница во историјата на државата, се надминаа билатералните спорови со соседните земји, станавме полноправна членка на НАТО, на чекор сме од почнување на претпристапни преговори со ЕУ. Важни и големи одлуки за идните генерации, иднината на државата е поставен на цврсти темели, безбедност, просперитет и развој стојат пред граѓаните. Започнавме со возобновување на демократијата која цела деценија беше девастирана од едно злосторничко здружение. Слободата и правдата ги поставивме на политичкиот пиедестал, борбата против криминалот и корупцијата ја започнавме и мораме да ја завршиме“, велат од НСДП.

„Влогот за граѓаните кој го направивме е премногу голем за изборот на 15 јули да биде да се остане дома. Не излегувањето на гласачките места ќе значи дополнителна шанса се што е постигнато и започнато да биде турнато во провалија од страна на делегитимирана политичка групација која безмилосно ја пустошеше земјата и во моментот е со мислите во Будимпешта. Да не заборавиме, ВМРО-ДПМНЕ е политичката партија која ја погази парламентарната демократија и посегна по животите на дел од пратениците во Собранието на 27 април 2017 година. Тоа е нивната понуда, спас за криминалците и по цена на нечиј живот.

НСДП ги повикува сите граѓаните на 15 јули да излезат на гласачките места и да земат учество носењето на големата одлука да продолжиме напред. Гласањето е безбедно, со строго почитување на утврдените протоколи вашето здравје и здравјето на блиските на денот на гласањето ќе биде заштитено“, се вели во соопштенито на НСДП.

Би можело да ве интересира

Следува уште една изборна година

Ана Ололовска

Усогласување на владината програма и распределба на кадри во преговорите меѓу СДСМ и ДУИ

Ана Ололовска

ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ бара Антикорупциската да отвори случај за финансирање на изборната кампања на СДСМ

А1он

Уште пет дена за договор за нова влада

А1он

СДСМ: Продолжуваат разговорите за нова влада со полн четиригодишен мандат

А1он

СДСМ тврди дека преговара за Влада со стабилно мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ бара да ги кажат имињата на партиите

А1он